1. Кога разговараме сами со себе,
ние сме пофокусирани на она што го работиме. Во текот на разговорот за задачите кои стојат пред нас, подобро ќе се концентрираме на важните работи и лесно ќе ги избегнуваме оние нешта кои можат да нè оддалечат од остварување на целта, пишува
Iheartintelligence.
2.
Вербализацијата на нашиот внатрешен дијалог ни овозможува контрола врз него. Проблем е што негативниот став често пати е многу тивок и ние не го забележуваме, а тој може да ја наруши нашата самодоверба, па ни самите нема да сме свесни дека се сметаме за глупави, мрзеливи, грди и нељубезни. Затоа, кога ќе ги вербализираме тие работи, стануваме свесни за нив.
3. Разговорот со себе
ја подобрува меморијата. Според студијата објавена во
The Quarterly Journal of Experimental Psychology лицата кои зборуваат самите со себе полесно ги наоѓаат изгубените работи ако зборуваат гласно. Всушност се работи за фокусирање на она што нè интересира и едноставно полесно ќе запомнуваме работи кои ќе ги изговориме наглас отколку оние на кои само ќе помислиме.
4.
Зборувањето самиот со себе
го олеснува нашиот напредок. Кога го правиме тоа ја поттикнуваме нашата потсвест однадвор. Понекогаш потсвесно сакаме да постигнеме некакви цели, но токму потсвеста нè спречува да ги реализираме. Користете позитивни мисли за да го дефинирате она што сте, вербализирајте ги своите цели, за тие да станат реалност. Погледнете се во огледало секое утро, утврдете ги целите за тој ден и изговорете ги гласно. На тој начин самите ќе се поттикнете на конкретен начин, а не само со надеж дека се ќе биде во ред.
Контролирајте го својот внатрешен дијалог, тој нека стане дел од вас, вашиот глас, вашите акции и реакции, вашите одлуки и нека ви помогне што поуспешно да се справувате со проблемите и важните работи во животот.