На првиот пролетен ден во новиот простор на Школата за уметност и дизајн „Џолев и уметностите“, во рамките на објектот „Јавна соба“, се одржа отворен ден под слоганот „Пролет и уметностите“ со цел претставување на 15-тата сезона едукативни програми во вид на курсеви, работилници и академии.
Во неформален амбиент присутните имаа можност преку панел-дискусија да се запознаат со менторите и наставните програми што ќе започнат од 30 март, за сите генерации што сакаат професионално или рекреативно да се занимаваат со уметностите и дизајнот.
На отворениот ден Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“ ги објави стипендистите од распишаниот конкурс „Образованието е повеќе од просек 5,0“ за средношколци од цела Македонија, кои изминатата учебна година ја завршиле со просек под 3,9, со цел подигање на моралот и самодовербата кај оваа група ученици.
Од вкупно пристигнатите 83 апликации, „Џолев и уметностите“ ги објави петте целосни стипендисти за една од нивните програми: Благица Трајкоска од средното училиште „Здравко Цветковски“ од Скопје, Сибела Личина од средното училиште „Панче Караѓозов“ од Скопје, Ева Велковска, ученик во средното училиште „Марија Кири-Склодовска“ од Скопје, Војкан Михајлоски од гимназијата СОУ „Гостивар“ и Сара Секулоска од гимназијата „Мирко Милески“ од Кичево.
Повеќе за програмите:
www.djolevandthearts.com
(Комерцијална објава)