Која е вашата асоцијација за неверојатно бавен воз? Не, не станува збор за локална приказна, туку за најбавниот воз во Индија.
Овој воз никој не го користи за да стигне од точка А до точка Б, туку за чисто задоволство од возењето. Тешко е да се тргне погледот од прозорецот на возот „Нилгири“, што во превод значи „Сината планина“.
Мештаните велат дека возот е еден вид играчка, а веројатно нема железница која толку верно ја следи добрата стара изрека дека поентата не е во пристигнувањето, туку во задоволството од патувањето.
„Нилгири“ поминува низ 16 тунели, 250 моста и 208 серпентини низ планината Сахиадри. Овие индиски висорамнини, кои се протегаат од север кон југ по западниот раб на висорамнината Декан во западниот дел на земјата, се заштитени од УНЕСКО поради нивната исклучителна убавина и вредност.
Планините Сахиадри биле формирани пред 150 милиони години и имаат уникатни геоморфолошки карактеристики, а возот што минува низ нив е еднакво уникатен бидејќи се движи со брзина од околу 10 километри на час. Патеката е долга 46 километри и возењето трае околу 5 часа. Возењето во прва класа чини околу 6,5 евра, а доколку се одлучите за помалку луксузна варијанта, ќе платите половина.
Извор:
Punkufer.dnevnik.hr
Фото:
Instagram