Рифат Шарук е индијски тинејџер кој креирал нешто што се смета дека е најлесниот сателит во светот, а истиот ќе биде лансиран во објект на НАСА во САД во јуни.
Фото извор: bbc.com/twitter
Уредот е тежок 64 грама и е избран за победник на натпревар. Главната цел е да ја покаже ефикасноста на 3Д печатените јаглеродни влакна. Овој изум ќе оди на мисија од 4 часа за суб-орбитален лет и за тоа време ќе оперира околу 12 минути во микро-гравитациона средина од вселената.
Сателитеот е именуван КаламСат по поранешниот индиски претседател Абдул Калам, пионер за воздухопловните научни амбиции на земјата.
Овој проект е избран на предизвикот “Cubes in Space”, организиран од образовна организација со поддршка од НАСА.
Рифат доаѓа од мал град во Тамил Наду и сега работи како водечки научник во организација која ја промовира науката и образаованието за индиските деца и тинејџери.
Овој сателит не е негов прв изум: на возраст од 15 години дој изградил хелиумски временски балон со кој конкурирал на натрпревар за млади
научници.