Индиските градови се разнобојни, динамични, бучни и... валкани. Комерцијалниот центар на сојузната држава Мадја Прадеш, Индор, не беше исклучок. Луѓето го третираа како голема јавна депонија. По јадењето луѓето едноставно ги фрлаа остатоците каде било.
Луѓето не внимаваа на отпадот од нивните домови и го фрлаа каде било во близина на преполните контејнери, кои ретко се празнеа. На улиците слободно шетаа животни-скитници, како кучиња, крави, свињи и го јадеа отпадот и го додаваа нивниот измет во купот. Некои сиромашни луѓе, кои немаа пристап до тоалети, дефекацијата ја вршеа на отворено. Сè на сè, тоа беше совршено место за муви, комарци и болести.
Во оваа мешавина беа фрлени две абнормални индивидуи - Малини Гауд, кој беше избран за градоначалник на Индор поради тоа што главна точка во кампањата му беше хигиената, и Маниш Синг, општински комесар. Исто така, тука беше и посветената невладина организација „Бејсикс“, која имаше искуство во ефективен менаџмент на отпад. Невладината организација сакаше повеќе отпад за сиромашните што живеат од одделување на метали, хартија, пластика и стакло од отпадот и го рециклираат.
Реформерите сфатија дека дел од решението е да им се олесни на луѓето фрлањето на отпадот. Тоа значеше поставување јавни канти за отпад на сите локации низ градот на кои тоа е потребно да се направи, при што локацијата би била гео-тагирана за полесно собирање; собирање отпад директно од секој дом и изградба на повеќе од 10.000 тоалети на места каде што имало потреба.
Потоа општинските работници требаше да го соберат отпадот. 5.500-те вработени биле навикнати само да земаат плата и ништо повеќе. Општинскиот комесар решил и да ги казни и да ги награди. На вработените им биле дадени паметни униформи и нивните рикши биле заменети со моторизирани камиони со ГПС. На секое возило му биле доделени околу 1.000 домаќинства или канти што требало да се празнат секој ден, а локацијата и перформансот постојано се следеле.
Било воведено биометриско следење на присуството на работа и по дискусија со синдикатот и навремено известување, 300 недисциплинирани работници биле суспендирани, а 600 биле отпуштени.
Луѓето биле среќни затоа што отпадот се собирал редовно од пред домовите и наскоро се согласиле да плаќаат редовна месечна такса за собирањето, неутрализирајќи ги дополнителните трошоци на општината. Продавниците и гостилниците поставиле канти за отпад, поттикнати од казните што би ги добиле доколку немаат. Проблем било тоа што некои луѓе сè уште сакале да одговараат на повикот на природата на отворено наместо во
тоалетите.
Општината усвоила иновативна идеја на тапанарски тимови - тие кришум барале такви луѓе и кога ќе ги најделе, гласно тропале на тапаните. Така се нашло решение за тој проблем, а било забележано и намалување на болестите.
Индор беше прогласен за најчист град во Индија во 2017 година. Во 2014 година тој беше на 149. место. Граѓаните се горди и според Виџај Махајан, претседателот на „Бејсикс“, напорно работат да го одржат тоа.