Индискиот град Бопал претвора празен простор во парк кој ќе служи и како споменик за околу 6.000 лица што починале како последица од ковид-19. Остатоците од кремирањето на овие луѓе ќе бидат закопани во паркот.
Главниот крематориум во градот повеќе нема простор за чување на големото количество остатоци од жртви од ковид-19 што не биле собрани од семејствата, па паркот е решението на градот. Се проценува дека 21 камион со остатоци од над 6.000 лица кремирани од 15 март до 15 јуни ќе бидат искористени за изградба на паркот.
Според локалните медиуми, остатоците ќе бидат искористени за паркот откако ќе се измешаат со почва, песок и други материјали. Во паркот има место за засадување од 3.500 до 4.000 растенија, а поканети се сите да помогнат во засадувањето растенија кога ќе се изгради паркот.
Фото: Pixabay
Мамтеш Шарма, менаџер на главниот крематориум во градот, открил дека се гореле до 150 тела дневно за време на вториот бран на ширење на коронавирусот во Индија. Тој не бил изненаден што голем дел од остатоците не биле собрани бидејќи некои членови на семејствата земале по неколку коски, но не и сите остатоци. Во некои случаи веројатно немало кој да ги земе остатоците од починатите.
Во меѓувреме, Њу Делхи се соочува со сличен проблем со несобрани остатоци, но волонтери ги фрлаат во реката Ганг.
Извор:
Insider