X
 23.02.2022 Образование

Препишувал на испит со хируршки вметнат блутут-уред во увото

Студент кој се појавил на својот финален испит на медицинскиот факултет „Махатма Ганди“ во индискиот град Индор имал микро блутут-уред кој хируршки му бил вметнат во увото за да може да мами на испитот.

- Полагал испит по општа медицина во понеделник со уште 78 други студенти кога на местото стигнала единица од универзитетот „Деви Ахилија Баи“ - изјавил деканот на факултетот, Санџеј Диксит.

Членот на тимот извршил претрес на студентот и открил мобилен телефон во внатрешниот џеб на неговите панталони. Телефонот бил вклучен и поврзан со блутут-уред, но тимот првично не го пронашол уредот кај студентот. По долго испрашување, студентот признал дека хирург му го вградил уредот во увото.

Тимот подоцна открил уште еден студент со мала СИМ-картичка и блутут-уред кој можел да се отстрани со игла. Допрва ќе се одредува дали ќе се покрене полициска постапка за мамење.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование