Ново истражување покажува дека редовната медитација го подмладува нашиот мозок и тоа за 7 и пол години. Научниците открија дека комбинацијата на интензивна концентрација и опуштање може да го поттикне растењето на нови мозочни клетки.
Научниците го скенирале мозокот на 50 мажи и жени кои редовно медитирале и 50 на оние кои никогаш не го правеле тоа. После тоа, скенирањето на мозокот се префрлени на компјутерска програма која ги анализира сликите и според нив ја одредува возраста. Резултатите покажаа нешто изннадувачко.
Мозокот на оние кои не медитирале одговарал на нивната возраст, но мозокот на оние кои медитирале бил претставен како помлад. На пример, мозокот на 50-годишните кои медитирале изгледал како да припаѓа на личност од 42 или 43 години. Предностите биле поголеми кај луѓето постари од 50 години - медитацијата им донела уште една година плус.
Научникот Кристијан Гасер од Универзитетот Јен во Германија истакнува дека овие резултати упатуваат на заклучокот дека медитацијата е корисна за зачувување на мозокот и го забавува стареењето во текот на целиот живот. Тој нагласува дека се`уште не е јасно како медитацијата го штити мозокот, но верува дека интензивниот ментален процес активира растење на нови клетки, а хемискиот процес кој се случува во текот на медитацијата исто така има големо влијание. Но, научниците исто така сметаат дека тајната можеби се крие во фактот што оние кои медитираат водат поздрав стил на живот.
Откриено е дека медитацијата не е единствен начин за задржување на здрав ум - истражувањето вели дека тоа зависи и од полот, и дека жените се во предност. Мозокот на жената е во просек три години помлад од мозокот на мажот.
Заклучено е дека медитацијата е заслужна за зајакнување на здравјето на бројни начини, од зајакнување на имунолошкиот систем до ублажување на осаменоста. Но, постои и друга страна од приказната, па така некои експерти предупредуваат дека медитацијата може да предизвика несакани ефекти - од грчеви, до халуцинации и депресија. Истражување од Универзитетот во Калифорнија покажува дека 63% од луѓето кои медитирале доживеале еден од овие несакани ефекти.