X
 28.01.2021 Култура

Дали ќе се снима серија за Хари Потер?

Повеќе светски медиуми деновиве пренесоа дека Ејч-би-о ќе снима серија според книгите за Хари Потер на Џ. К. Роулинг.

Според медиумите, компанијата разговарала со повеќе потенцијални автори и размислува за повеќе идеи за снимањето на серијата, пренесува „Хафингтон пост“. Засега не се знаат детали и биле дискутирани само генерални идеи.

Кога биле контактирани за коментар, Ејч-би-о и „Ворнер брос“ ги негирале шпекулациите.


Сериите поврзани со познати франшизи неодамна се покажаа како успешни, привлекувајќи нова публика и нудејќи нешто за старите обожаватели. Веќе излегоа две сезони од „Мандалориецот“, поврзана со приказната во „Војна на ѕвездите“, а годинава треба да пристигне и серија поврзана за „Господар на прстените“.

Кога станува збор за светот на Хари Потер, третиот дел од франшизата „Фантастични чудовишта“ треба да пристигне во кината на 15 јули 2022.

Автор: Кол Делбик
Извор: huffpost.com
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура