Зимата (полека) доаѓа на големото платно, со оглед на тоа што филмот „Игра на троновите“ е во рана фаза на развој.
Во моментов не е познато кој ќе биде режисер, писател или актери, но „Ворнер брос“ тивко работи на филмот сместен во светот на фантазијата од серијалот книги на Џорџ Р. Р. Мартин.
- Кога објавуваме дека Ејч-би-о ја развива оваа или онаа приказна, имајте на ум дека таа е во развој. Во моментов имаме две серии, вклучително и „Игра на троновите“. Се развива идеја, а на нас останува да процениме дали е добра. Заедно ги читаме сценаријата, коментираме, разговараме. Токму и тоа е поентата на развојот: гледаме дали постои достојна приказна за прикажување во кината - вели извршниот директор на Ејч-би-о, Кејси Блојс.
Оригиналната серија „Игра на троновите“ со Емилија Кларк и Кит Харингтон ја прикажуваше војната на петте крала, страшниот конфликт што избувна околу Железниот трон по смртта на кралот Роберт Баратеон. Потоа Ејч-би-о ја врати публиката стотици години наназад до врвот на моќта на семејството Таргариен и граѓанската војна што ја осакати нивната империја со серијата „Куќа на змејот“.
Сега, во 2025 година ќе биде премиерата на „Витезот на седумте кралства“, адаптиран на збирката романи на Мартин за храбар витез. Се разгледуваат и други потенцијални серии.
Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс, креаторите на „Игра на троновите“, сакаа да го завршат својот еп со три долгометражни филма пред да одлучат да има последна осма сезона составена од шест епизоди.
Во 2014 година и самиот Мартин потврди дека се воделе дискусии за филмскиот потенцијал на франшизата.
Извор:
Ew.com
Фото: Screenshot/YouTube