X
 03.09.2020 Живот

Фаќање змии - бизнис што забележува голем пораст во Австралија

Пандемијата на коронавирусот влијае врз светската економија и доведе до зголемување на невработеноста во многу земји, но една индустрија во Австралија забележува раст - фаќањето змии.

Рејмонд Хосер од Мелбурн професионално фаќа змии од 70-тите години и вели дека е позафатен од кога било. Како што објаснува, сега има повеќе змии бидејќи луѓето се дома и не излегуваат како порано. Згора на тоа, сончевото време минатиот викенд ги разбудило змиите од хибернација.


Фото: Freepik

Хосер добил повици за забележани змии во седум предградија на Мелбурн, а очекува повиците да продолжат да се зголемуваат до октомври. Очекува да добива дури и до 20-30 повици на ден во следниот период.

Тој имал повеќе повици од вообичаено и во март, кога почнале да се применуваат мерки за изолација и пред зимата да ги избрка змиите од градот. Неговата препорака за жителите е да не им се приближуваат на змиите бидејќи поголемиот дел од нив се отровни.

Извор: theguardian.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот