X
 05.04.2020 Живот

Зошто се стигматизираат болните од Ковид-19, како изгледа еден ден во државен карантин во Македонија? Ова се темите што ги истражувавме неделава

Како изгледа еден ден во државен карантин во Македонија, колку работници останаа без работа поради коронавирусот, зошто наместо емпатија кон болните од Ковид-19, луѓето ги стигматизираат? Ова се темите што ги истражувавме неделава.


Скопскиот плоштад / Фото: Борче Поповски

„Да се стигматизира лице што се соочува со болест е исто како да го обвинуваме соседот чија куќа е опожарена. Ниту тој сакал да избие пожар ниту ние на тој начин ќе го заштитиме нашиот дом од жарчињата што летаат“, вели психологот Деспина Стојановска. Ковид-19 предизвика голема паника меѓу луѓето во целиот свет. Еве што велат социолозите и психолозите на оваа тема.

Мелита Илиевска

Скопјанката Мелита Илиевска, музиколог, четири години живее и работи во Пекинг, главниот град на Народна Република Кина. Иако кинеската престолнина е на голема оддалеченост од Вухан - жариштето на коронавирусот, вели дека стравот, паниката и неизвесноста од новонастанатата ситуација ги почувствувале сите жители на земјата.



Македонија нема официјални податоци колку работници досега останаа без работа поради вонредните услови во земјава за да се заштити населението од заразната болест Ковид-19. Потребно е да се направи поширока анализа на податоци од повеќе институции, велат надлежните.

Покрај стравот и паниката, коронавирусот разбуди нови чувства кај сите нас. Многумина сфатија што значи слободата, прошетките со најблиските, кафињата со пријателите, раката на баба на лицето, првото утринско кафе со колегите... Ова се одговорите на анкетата што прво ќе направите кога ќе завршат вонредните околности.


Фросина Парамаковска

Авторката Фросина Пармаковска поминува две недели во државен карантин. Била на писателски престој во Софија од почетокот на март, а поради ескалацијата на состојбата со коронавирусот и во Бугарија и кај нас, одлучила да се врати десетина дена пред предвиденото. Како ѝ е во карантин, дали имала непријатно искуство по патот до хотелот во Скопје каде што е сместена?




Тракторски и автомобилски гуми, лименки, делови од тоалетна шолја, најлонски кеси, пластични шишиња, стари реквизити за на плажа – ова се само дел од експонатите што охриѓанецот Никола Паскали ги извади од Охридското Езеро на последните две соло-нуркања. Во време на пандемија, нуркачот од центарот „Акватек“ од Охрид максимално ги почитува мерките за заштита и целото нуркање го реализирал сам, а за тоа му помогна и фактот што живее покрај езерото.


Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот