Коронавирусот продолжува да пустоши во целиот свет. Досега се потврдени повеќе од 9 милиони заразени од новиот вирус, а повеќе од 450 илјади ја загубиле битката.
Глобална стапка на смртност од Ковид-19
Фото: Financial Times
Просечниот
број на смртни случаи во Европа поврзани со коронавирусот го надмина оној во Азија кон почетокот на март, кога Италија, Шпанија и Велика Британија станаа нови глобални жаришта. Од средната на април фокусот се премести во САД, каде што бројот на смртни случаи остана конзистентно висок и во моментов САД „се одговорни“ за 12 отсто од смртните случаи во целиот свет. Латинска Америка неодамна забележа зголемување на уделот на повеќе од половина од новите смртни случаи, за што е одговорен големиот број смртни случаи во Бразил.
Стапките на смртност се искачија над историските просеци во многу земји што се соочија со епидемија на Ковид-19.
Број на смртни случаи во една недела поради сите причини, 2020 (со црвена линија) наспроти останатите години (со сиви линии); засенченото означува зголемување на смртни случаи за време на епидемијата
Фото: Financial Times
Стапките на смртност се зголемија во урбаните области во светот, а зголемениот број смртни случаи е многу повисок од пријавените смртни случаи предизвикани од Ковид-19
Фото: Financial Times
Сликата е уште полоша во најлошо погодените градови и региони. Во покраината Гуајас во Еквадор од почетокот на март имало 10.000 смртни случаи повеќе од вообичаено - зголемување поголемо од 300 проценти. Во Лондон биле забележани повеќе од двојно повеќе смртни случаи, а во Њујорк вкупниот број смртни случаи од средината на март е повеќе од 4 пати поголем од вообичаено.
Извор:
Financial Times
Насловна фотографија: Pixabay