Животот ќе стане навистина сладок за луѓето кои живеат во холандскиот град Утрехт. Тие ќе бидат дел од уникатен социјален експеримент во кој ќе добиваат редовна плата не правејќи апсолутно ништо.
Чековите ќе се движат од 1.300 долари месечно за еден возрасен човек до 1.800 долари за едно семејство.
Експериментот е заснован на стара идеја дека „основната плата“ - едно универзално безусловно плаќање, може да го подобри животот на луѓето, дозволувајќи им флексибилна работа, учење и нега.
Градот во соработка со Универзитетскиот колеџ во Утрехт заедно ќе го спроведат експериментот во кој првично ќе бидат вклучени 300 луѓе кои ќе добиваат социјална помош.
Група од 50 луѓе ќе добива основни приходи без било какви предуслови, па дури и ако имаат работа или пак имаат друг извор на прихдои.
Три други групи ќе има различни предуслови кои ќе треба да ги исполнуваат.
Идејата за основен приход може да звучи како рецепт за катастрофа, меѓутоа е испробан во неколку други заедници, а најуспешен се покажа во малечко гратче во Канада, пред околу 40 години.
Таму се покажа дека оваа идеја ги намали лекарските посети и хоспитализациите на луѓето, а се подобри менталното здравје на луѓето, додека пак повеќе ученици го завршиле средното образование. Стравувањето дека оваа идеја ќе ги направи луѓето мрзеливи се покажа неосновано. Единствени луѓе кои ги намалиле работните часови биле студентите и новите мајки.
Безусловниот основен приход исто така се покажа дека го намалува „одливот на мозоци“ од сиромашните кон богатите земји. Многу лидери и мислители се фанови на идејата. Тие будно ќе го следат експериментот за да видат дали има подобрувања во Утрехт.