X
 17.02.2016 Наука

Прв поглед на планетата најслична на Земјата

Потрагата по планети кои кружат околу други ѕвезди не е лесна работа. Најсигурен начин за тоа е барање мали бледи светла додека планетата минува пред својата ѕвезда. Со овој метод, вселенскиот телескоп „Кеплер“ открил над 4.000 кандидати за егзопланети, а потврдил над 1.000 од нив. Следува тешкиот дел: одредувањето дали на некоја од нив има живот.



Со оглед на тоа што оддалеченоста од овие планети се мери во светлосни години, мали се шансите дека вселенско летало од Земјата ќе ги посети наскоро. Меѓутоа, во вистинскиот момент, добриот телескоп може да ја анализира атмосферата на планетата и да бара хемиски остатоци од метан, кислород, јаглерод диоксид или други показатели за можен живот.

Таква анализа била спроведена за првпат досега со телескопот „Хабл“, кој ја истражувал атмосферата на планетата 55 Cancri e, која кружи околу ѕвезда на оддалеченост од 40 светлосни години од Земјата.

Анимацијата долу открива како би изгледале планетата и ѕвездата доколку ги гледаме одблизу. Досега е познато дека на планетата има јаглерод диоксид и дека планетата е осумпати потешка од Земјата, но ништо од ова не значи дека таму живеат вонземјани. Нашата потрага по вонземјани тукушто започнува.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука