X
 26.04.2022 Наука

Нов тест за крв може да детектира рак пред да се појават симптоми

Нов вид тест за крв може да стане следното достигнување во скринингот на ракот. Тестот е познат како течна биопсија, дизајниран да детектира десетици видови рак пред да има знаци на болеста.

Џојс Арис мислела дека е здрава 74-годишна жена кога волонтирала за давање примерок крв за истражувањето. Но, она што се случило било шок за неа.

- Ми се јавија и ми рекоа дека нашле нешто и дека сакаат да погледнат подобро - изјавила таа.

Џојс учествувала во тест познат како течна биопсија. Истражувачи од Портланд, Орегон, правеле скрининг на луѓе кои немале знаци на рак, како метод за рана детекција. Откако била повикана на дополнителни тестирања, на Џојс ѝ бил дијагностициран Хоџкинов лимфом.

Тестот функционира така што проверува ДНК-фрагменти од клетки на тумор. Прашањето е дали овој вид скрининг може да ги намали стапките на смртност од рак.

Американските владини истражувања планираат голем експеримент со околу 200.000 учесници за да видат дали тестирањата на крв можат да спасат животи.

Проблемот е што скрининзите некогаш прават повеќе штета отколку добро, давајќи лажно позитивни резултати и предизвикувајќи непотребни трошоци.

Извор: CBS
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука