X
 13.10.2023 Живот

Стив Џобс имал „пивски тест“ за кандидатите за работа во „Епл“

Сите ги знаеме најпознатите прашања што работодавците ги поставуваат на интервју за работа, но Стив Џобс имал различен пристап кога вработувал луѓе.

Поранешниот главен извршен директор на „Епл“, кој почина во 2011 година, бил познат по тоа што ја водел компанијата поинаку од стандардните практики. Една невообичаена практика му била да ги однесе кандидатите за работа во бар за време на интервјуто за работа.

Тој го правел тоа за подобро да ја запознае личноста. За Џобс, клучно било да види која е вистинската природа на кандидатот. Затоа, тој зборувал релаксирано додека заедно со кандидатот пешачеле до барот.


Фото: Стив Џобс/Wikipedia

Додека пиеле пиво, Џобс зборувал на неформален начин и поставувал прашања како: „Кога беше последниот пат кога постигна нешто големо?“ или „Што правеше минатото лето?“

На овој начин Џобс успевал да најде лица кои ги имале вистинските вештини за работата и биле најдобри за соработка.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay  
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот