X
 26.05.2016 Наука

Зошто некоја песна постојано се врти низ нашата глава?

Обично една строфа или едно делче од песната постојано ни се врти околу глава и едноставно не престанува со што станува прилично иритантно и ве држи разбудени, особено кога ви е потребен сон.

Научниците долго време го проучуваат овој феномен наречен „принудни музички снимки“ кои е тешко да се проучат, со оглед на тоа што тие имаат „жртви“ навидум без провокација и со тоа е тешко да се репродуцираат во лабораториите. Но, голем дел од нас „страдаат“ од овој феномен.

Но зошто ова се случува? Понекогаш причината за тоа е лесно певливата мелодија на една песна која содржи „блага нескладност“ вели Џејмс Келарис, професор на Универзитетот во Синсинати, поточно одделот за маркетинг. Ова може да се случи и ако не се сеќавате како завршува еден фрагмент, па ја повторувате повторно и повторно за да ве доведе до точката каде ја заборавате. Неодамнешно истражување од британското списание „Psychology of music“ предлага четири возможни предизвикувачи. Прво е тоа што сте ја слушнале мелодијата. Друг предизвикувач е тоа што мелодијата предизвикала поврзаност со личност или место. Слушањето на песната додека имате зголемена емоционална состојба е третиот предизвикувач, а четвртиот е мечтаењето.

Едно истражување покажува дека некои луѓе имаат необичен тенок надворешен слој или кортекс околу правиот фронтален и темпорален лобус, такашто овие области поврзани со музиката може да работат послободно со што резултираат до подложност на повторување на одредена меморија.

Истражувачите од Универзитетот во Рединг во Британија вели дека можете да ја отстраните мелодијата/песната со џвакање на гума за џвакање.

Друг начин за отфрлањето на песната, кој е поддржан од истражувањето на Викторија Вилијамсон, е да ја испеете песната до крај или пак ментално генерирање на случајни броеви, еден во секунда без воопшто да повторувате број. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука