Британската продавница „Јорк Џин“ одлучила да ги забрани божиќните хитови во корист на своите вработени.
Менаџерот на продавницата, Ема Годивала, смета дека современите божиќни хитови би можеле да им ги уништат празниците на вработените бидејќи би биле принудени во текот на работното време да ги слушаат секојдневно, по осум часа. Таа додава дека верува дека клиентите исто така ќе бидат задоволни и ќе ја поздрават промената, особено затоа што повеќето трговци во продавниците веќе почнаа да ги пуштаат вообичаените божиќни хитови.
Таа вели и дека таквата модерна музика во никој случај не е соодветна за продавница сместена во зградата од 16 век, од времето на Тудорите.
- Несомнено е дека Божиќ ни е драг на сите, но немаме намера да пуштаме божиќни хитови во продавницата. Малку експериментиравме. Испробавме различни жанрови на музика и сфативме дека сè што е снимено до 60-тите години ни одговара. Сè друго е забрането. А персоналот е среќен поради оваа одлука. Ми кажаа дека нивните колеги од другите продавници веќе полуделе поради истите божиќни хитови што се вртат нонстоп - вели шефицата.
- Но исклучок би направиле ако во продавницата се појави, на пример, Мараја Кери. Тогаш ќе ја игнорираме забраната и ќе ја пуштиме нејзината божиќна песна. Но, тоа не значи дека во продавницата нема да има божиќна атмосфера. Ќе пуштаме божиќни класици што ги изведуваат Бинг Крозби, Френк Синатра и Ела Фицџералд - вели таа.
- Во секој случај, плеј-листата е доволно долга за никој да не ја слуша истата
божиќна песна двапати неделно - заклучува Годивала.