X
 26.05.2017 Култура

Јапонците на оригинален начин го искоренија стресот на работa

Една компанија во Јапонија, земјата која е позната по долгото работно време и  строгата  работна дисциплина, пронајде „терапија“ за намалување на стресот – мачките!

Во малата канцеларија на информатичката фирма „Фереј“ од Токио, девет мачки го „споделуваат“ работниот простор со вработените – им скокаат на колената, се шетаат по тастатурите од компјутерите, спијат, се хранат и слободно се движат низ просторијата.

Директорот Хиденобу Фукудо ја воведе својата политика наречена „мачки во канцеларијата“ уште во 2000 година на барање на еден од соработниците, па дозволил секој вработен да ја носи својата мачка на работното место. Тогаш им соопштил дека ќе исплаќа и по 5.000 јени (40 евра) месечно  на секој што ќе „вдоми“ некоја мачка.

И други јапонски компании одлучиле да користат домашни миленичиња за намалување на напнатоста и стресот на работните места.

Во јапонскиот огранок на компанијата „Оракл“ кучето наречено Кенди,  е „амбасадор на фирмата, задолжен да прима гости и да ги смирува вработените“, а овој податок може да се прочита и на нивната службена интернет страница. „Оракл“ од Јапонија чуваат куче уште од 1991 година, а Кенди, кое им е четврто по ред, има и свои профили на „Твитер“ и „Инстаграм“.

Компанијата за човечки ресурси „Пасон Груп“, во 2011 година „вработила“ две кози со полно работно време, а две години подоцна и две алпаки, делумно и заради терапевтски причини.

Токио има шеесетина кафулиња каде официјално е дозволено присуство на мачки, кои слободно се шетаат меѓу посетителите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура