X
 26.05.2018 Култура

Пристигнува нoва серија од авторот на „Симпсонови“



Авторот на серијата „Симпсонови“, Мет Грејнинг, работи на нова анимирана серија која ќе се емитува на „Нетфликс“.


Симпсонови
(Фото: Youtube screenshot)


Дејството на серијата „Disenchantment“ („Разочарување“) е сместено во средниот век, а ја следи приказната за жената која се вика Бин и која обожава да пие пиво. Тука се и нејзиниот пријател Елфо и нејзиниот личен демон Андре.

На ликовите своите гласови ќе им ги позајмуваат голем број луѓе кои веќе беа ангажирани во „Симпсонови“ и во „Футурами“, а засега се планираат две сезони од по десет епизоди за секоја сезона.

„’Разочарување‘ е приказна за животот и смртта, љубовта и сексот, и како да се смеете во светот полн со страдања и идиоти, и покрај она што ви го кажуваат старците, волшебниците и други будали“, напиша Грејнинг во своето соопштение за „Вараети“.

Серијата би требало да почне со емитување кон крајот на 2018 година.

Погледнете го промотивното видео:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура