X
 25.08.2020 Образование

Филипче им објасни на средношколците како се воведуваат мерки за Ковид-19. Продолжува интензивна комуникација

Утрово на состанокот на Комисијата за заразни болести присуствуваа и претставници од Сојузот на средношколци. На редовната координација, од страна на претставниците на Комисијата им беа презентирани извештаите со деталната состојба од Ковид-19 во земјава.



Претставниците на Сојузот на средношколците ги претставија барањата на учениците, од кои најголем дел се веќе во планот на Комисијата за заразни болести за почеток на учебната година. Она што, пред сѐ, беше предмет на дискусија е периодот на имплементација на одредени протоколи, за кои Комисијата инсистира да бидат имплементирани етапно, согласно епдидемиолошката состојба во земјата.

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, пред средношколците го објаснуваше процесот на воведување и попуштање на рестриктивните мерки согласно епидемиолошката состојба. Тој информира дека сите мерки за превенција донесени врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата се во интерес на заштитата на здравјето на децата и на родителите.



Двете страни се заложија да продолжат со интензивна комуникација, со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведување на наставата во претстојната учебна година.

- Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести се заинтересирани за соработка со сите чинители, заедничката комуникација продолжува и понатаму - велат оттаму.

Сојузот на средношколци информира дека го одложува протестот за понеделник, 31 август, кој првично беше најавен за петок - 28 август затоа што е неработен ден поради верскиот празник Голема Богородица. Како што велат оттаму, протестот ќе биде против одлуката за целосна онлајн-настава бидејќи Сојузот се залага за комбиниран модел. Според најавата, протестот ќе почне пред Министерството за образование и наука и ќе заврши пред Владата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование