Комисијата за заразни болести денеска предложи две мерки до министерот за здравство.
- Укинување на задолжително поседување негативен ПЦР-тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од Македонија, ова се однесува само за граничните премини на нашата земја и не важи за влез во земјата. Втората мерка се однесува за бремените жени, односно да се укине нивното ослободување од работа, рече доктор Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција. Тој ги повтори препораките дека вакцинацијата на бремените жени е безбедна и препорачлива.
Предлог-мерките на Комисијата се доставени до министерот, а потоа ќе бидат дадени на разгледување во Главниот кризен штаб.