Комисијата за заразни болести препорачува укинување на маските во затворен простор, со исклучок на здравствените објекти, јавниот превоз, старските домови и аптеките. Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски, рече дека ова не значи дека пандемијата е завршена и дека се работи на мерки за евентуално влошување на состојбата. Тој најави поинтензивна вакцинална кампања и ќе следуваат препораки и објаснувања на предностите на вакцините во следниот период.
Останува силна препорака за носење маски за возрасните, хронично болните и лицата со имунокомпромитирачки болести. Исто така, на денешната седница на Комисијата е донесена препорака повеќе да не се следат контактите што ги имале позитивните лица, ниту за нив да се одредува изолација. За да стапат во сила, препораките на Комисијата за заразни болести треба да ги одобри Владата на седница.
Причина зошто останува обврската за носење маски во здравствените објекти, јавниот превоз, старските домови и аптеките е што таму има голема можност за ширење и пренос на вирусот. Ова препорака за неносење маски важи и за наставниот и другиот кадар во училиштата, каде што за учениците веќе не е задолжително носењето маски, а за средните училишта сè уште е препорака која не е помината на Главниот кризен штаб и со тоа не е стигната ниту до Владата.