X
 04.06.2016 Уметност

Неверојатни геометриски тетоважи

Тату артистот познат како „Roxx“ ги украсува своите клиенти со минималистички геометриски дизајни кои се прошируваат на нивните раце, градите и нозете. Создавајќи ги само со црно мастило, овој тату артист вклучува храбри лини и сложени форми кои наликуваат на ножици или машини и го обликуваат телото на лицето, правејќи ги да изгледаат како половина киборг.

 

тетоважа

„Roxx“ ја започнала нејзината кариера пред 30 години, и како и секој уметник, нејзиниот стил еволуирал со текот на времето. Таа започнала во 80-тите со цртање на племенски дизајни врз кожата, истражувајќи различни визуелни пристапи од домородните култури низ целиот свет.

„Со ова се занимавав долги години, такашто започнав со овие дизајни за да бидат пографички, но со помалку детали. И тоа ми стана досадно. Започнав да си играм со работите со навистина едноставни форми“, вели таа.

За да создаде современо дело, таа ја гледа структурата на листовите и школките. „Повторувањето на моделите и геометријата се работи кои секогаш ги фасцинираат мистиците, филозофите и шаманите“. Колку подлабоко навлегува во микроскопскиот свет, толку повеќе се фасцинира.

 

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност