Метежот во сообраќајот беше честа главоболка за жителите во Хангџу, источен кинески град, дом на познатата компанија „Алибаба“.
Метрополата во која живеат 7 милиони луѓе некогаш беше рангирана како петта помеѓу најзагадените во Кина, но сега се најде на 57. место на листата.
„Алибаба“ вели дека тоа е благодарение на нејзиниот изум наречен „градски мозок“ (City Brain) што користи вештачка интелигенција за да собере информации за градот, како што се на пример видеа од камерите и џи-пи-ес податоци за локациите од автомобилите и автобусите.
Платформата ги анализира информациите во реално време како што координира повеќе од 1.000 сообраќајни знаци низ градот со цел да спречи или да олесни.
По две години тестирање, се чини дека системот функционира. „Алибаба“ вели дека „градски мозок“ ги намалил патувањата низ градот и им помогнал на пожарната, полицијата и брзата помош побрзо да стигнат до итните случаи.
И други кинески градови започнале да ја користат оваа платформа, а минатата година почнал да ја користи и главниот град на Малезија, Куала Лумпур.
До 2025 година градовите што користат вакви
системи би можеле да ги намалат патувањата за 15 до 20 отсто. Но, оваа технологија доби и голем број критики, особено во Кина, каде што се зголемува надгледувањето, а камерите за препознавање лица се шират во места како што се јавните тоалети.
Според неодамнешните истражувања од технолошката фирма „Тенсент“ и кинеската државна радио-телевизија Си-си-ти-ви, речиси 80 отсто од испитаниците изјавиле дека се загрижени за влијанието на вештачката интелигенција врз нивната приватност.