Сите што сакаат да бидат попаметни, треба да знаат дека можат да ја подобрат својата способност за учење, задржување и користење на она што го учите.
Ако сакате да ја зголемите брзината на учење, ако сакате да донесувате попаметни одлуки и да го зголемите целокупното ниво на интелигенција, истражување објавено во „Журнал оф епидемиолоџи енд комјунити хелт“ покажува дека само 6 до 10 минути умерено до енергично вежбање може да ја подобри вашата работна меморија и значително да ги подобри вашите когнитивни вештини.
Ако се прашувате какво е тоа „умерено“ вежбање, тоа вклучува активности како брзо одење, бавно џогирање или качување по скали. Каква било активност при која ќе можете да разговарате. Под „енергично“ вежбање спаѓа возење велосипед, пливање, брзо џогирање и слично.
Од друга страна, невежбањето може да има негативно влијание врз вашите ментални способности. Истражувањето покажа дека когнитивните способности опаднале за 1 до 2 отсто кога осумминутна умерена до енергична физичка активност била заменета со седење.
Истражувањето покажа дека колку повеќе време поминувате во вежбање, толку се поголеми менталните придобивки, а се разбира и физичките.
И други истражувања се согласуваат со овој факт. Како прво, вежбањето може да го забави или промени физичкото распаѓање на вашиот мозок. Исто така, може да создаде нови мозочни клетки, а може да го зголеми и хипокампусот.
Затоа, изберете активност што сакате да ја правите и обидете се да бидете доследни, затоа што доследноста е клучот. Не само што ќе станете попаметни, туку ќе бидете и поздрави.
Извор:
Inc.com
Фото: Freepik