X
 26.06.2018 Живот

Некогаш ги сметале за чудаци, а денес се подобри од другите



Левучарите некогаш биле сметани за чудаци, па многу родители ги терале своите деца да пишуваат со десна рака, а левата да ја користат што помалку.


Леворак голфер
(Фото: Pixabay)


Денес, сè повеќе левучари имаат предност пред десничарите бидејќи истражувањата покажале дека се поздрави, а често и посреќни.

А сето тоа поради следниве причини:

1. Тие се луѓе што сакаат будни да сонуваат, а тоа одлично им поаѓа од рака при исполнувањето на соништата.

2. Истражувања покажале дека побрзо оздравуваат од мозочен удар во споредба со десничарите.

3. Подобри се во мултитаскинг – умеат да прават повеќе работи истовремено бидејќи како левучари го присилуваат мозокот побрзо да размислува и да ги извршува задачите.

4. Студии покажале дека левучарите полесно донесуваат важни одлуки бидејќи доволно време размислуваат за некоја за нив непозната тема и размислуваат неколку чекори однапред.

5. Левучарите се подобри спортисти бидејќи имаат побрзи реакции, покажало истражување спроведено во 2006 година.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот