X
 26.06.2019 Живот

Највисоко ниво на производство на кокаин досега во светот

Производството на кокаин достигна највисоко ниво досега, а хероинот во Западна и Централна Европа се шверцува првенствено од Авганистан преку Балканот. Тоа се нагласува во годишниот извештај за наркотици на Канцеларијата на ОН за борба со дрога и против организираниот криминал (УНОДЦ).

Во светот во 2017 година околу 271 милион луѓе користеле наркотици, и околу 35 милиони повеќе отколку што се очекуваше се зависни од наркотици и биле под медицински третман поради наркотици.

Бројот на луѓе што користат наркотици остана на исто ниво во споредба со претходниот извештај, но во споредба со 2009 година се зголеми за 30 проценти.

Канабисот е најшироко распространета дрога во светот, се вели во извештајот – 188 милиони луѓе го користеле во 2017 година.

Додека бројот на корисници на канабис остана стабилен во последната деценија, намален е бројот на запленет канабис.

Околу 53,4 милиони луѓе, или 56 проценти повеќе отколку во 2016 година, користеле хероин и опиум.

Тие дроги се повеќе популарни и се причина за две третини од 585.000 лица кои во 2017 година починаа поради дрога.

Синтетичката дрога „фентанил“ се наведува како една од причините за смртта на многу зависници во САД и се додава дека во Европа се зголемува пазарот за таа дрога.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот