X
 21.06.2018 Култура

Канабисот ќе биде легален во Канада од октомври!



Канадскиот Сенат го усвои базичниот закон со кој се легализира рекреативната употреба на канабисот во земјата.


Јаворовиот лист од знамето на Канада, во форма на лист од марихуана
(Фото: AFP)


Законот за канабис вчера помина на гласањето во Сенатот со 52 гласа „за“ и 29 „против“, јавува Би-би-си.

Според законот, Канаѓаните ќе можат легално да ја купуваат и да ја употребуваат оваа дрога од октомври.

Со ова, Канада стана првата држава-членка на Г-7 што ја легилизира рекреативната консумација на канабисот, што беше и предизборно ветување на либералниот премиер Џастин Трудо.

При претставувањето на законот, четири федерални министри нагласиле дека целите на легализацијата се двократни. Првите се да ја намалат добивката од продажба на марихуана кај организираните криминални организации, а вторите да се ограничи пристапот на малолетниците до марихуаната поради тешките казни.

Поседувањето канабис во Канада беше криминализирано во 1923 година, но употребата на марихуаната во медицински цели беше легализирана во 2001 година.

Според новите одредби, полнолетните Канаѓани ќе можат да поседуваат до 30 грама сув или свеж канабис што ќе го набавуваат од овластени трговци, а законот им дозволува и самите да можат да одгледуваат до четири садници од ова растение.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура