„Грутчиња“ (Nuggets) е краток анимиран филм создаден од режисерот Андреас Хикад во 2014 година, но филмот се гледа и денес бидејќи на едноставен начин илустрира како изгледа зависноста.
Во него единствениот лик е мала птица киви кој наидува на жолти грутчиња кои прават да се чувствува како да може да лета. Постепено кивито станува зависно од грутчињата, но колку повеќе ги зема, толку е послаб нивниот ефект. Истовремено, заднината станува потемна, а кивито ја зголемува својата тежина и го менува изгледот. На крајот кивито гледа во последното грутче размислувајќи дали да го земе.
Грутчето во видеото треба да претставува дрога, а самата приказна функционира како алегорија на фазите на зависност.
Извор и насловна фотографија: Youtube