Статистички, жените живеат подолго од мажите. Нова анализа на податоци од 1990 и 2010 година покажува дека оваа разлика помеѓу половите во очекуваната старост се намалува. Анализата била направена врз основа на податоци од 194 држави, кои се собираат од страна на Обединетите нации.
Очекуваниот животен век се подобрил во овој период и значително се намалила разликата во животниот век кај мажите и жените. Жените денес живеат просечно четири или пет години подолго од мажите на глобално ниво. Но не се сосема јасни факторите што придонесуваат за оваа разлика.
Според анализата, доколку нема промени во трендот, разликата во животниот век помеѓу мажите и жените дополнително ќе се намали до 2030 година. Ова се однесува на земјите со високи и ниски примања.
Овие процени се засноваат на податоци од само 10 години, па затоа се потребни поголеми истражувања за да се потврдат заклучоците.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Unsplash