Ако се вбројувате меѓу приврзаниците на најстрашниот жанр, тогаш немате друг избор освен да се вооружите со колци, света вода, лук и молитва бидејќи „Носферату“ повторно напаѓа.
И не се мисли на немиот експресионистички класик од 1922 година, ниту на верзијата на Херцог од 1979 година со Клаус Кински во улогата на познатиот крвопиец, туку на најновиот римејк на Мурнау. Во режија, сценарио и продукција се потпишува сестраниот Роберт Егерс (Светилникот, Северниот човек) и Бил Скарсгард (Гроф Орлок), Лили-Роуз Деп (Елен Хатер), Николас Холт (Томас Хатер) и Арон Тејлор-Џонсон (Фридрих Хардинг) ги играат улогите.
Најавен уште во 2015 година, „Носферату“ конечно треба да излезе од продукцискиот мрак годинава околу католички Божиќ, а сите што се заинтересирани какви „ужаси“ подготвиле Егерс и тимот, можат да го погледнат првиот трејлер подолу.
Извор: bug.hr
Фото: YouTube screenshot