Рускиот претседател Владимир Путин ѝ даде инструкции на владата да изработи план за изградба на мост кој ќе го поврзе островот Сахалин со копнениот дел на Русија.
Како што истакна Путин, за овој мост се расправало со децении.
- Тоа долго време беше сон на луѓето што живеат на островот - рече Путин на состанокот со претседателот на Сахалин, Олег Кожемијак.
Путин истакна дека до руската влада испратил барање да работи на планот за изведба на овој проект, додавајќи дека токму овој мост многу ќе им го олесни животот на луѓето.
- Можете да доаѓате и да си одите во кое било време од годината - рече тој.
Сахалин е единствениот останат регион во Русија без копнена врска со земјата. Неодамна Крим беше поврзан со пуштањето во сообраќај на најдолгиот мост во Европа.
Изградбата на мостот до Сахалин ќе биде многу потешка и поскапа бидејќи мостот ќе биде долг 580 километри, со железнички и други инфраструктурни врски. Проектот ќе бара изградба на три главни и повеќе од десет моста, а ќе чини неколку милијарди долари.
Овој остров се соочува со проблеми бидејќи бројот на населението се намали за повеќе од 30 отсто, па сега таму живеат околу 500 илјади луѓе, кои се одделени од регионот.
Во уште поамбициозен проект
Русија претходно предложи изградба на мост кој би го поврзал јапонски Хокаидо со јужниот дел на Сахалин. Така, овие два моста би ја направиле Јапонија континентална држава.