X
 01.02.2022 Живот

Баба од Сибир со лизгалки оди до најблиската продавница

Најсреќните луѓе се оние што водат наједноставен живот, а за тоа е потврда и приказната на една 80-годишна баба од Русија која секојдневно се лизга по замрзнато езеро за да стигне до продавницата, која е оддалечена 4 километри.

Либајов Николајевна е родена во Сибир. Таа во детството добила лизгалки од сестра си која ги користи и денес. Лизгалките се стари речиси колку неа.

Либајов во еден период живеела во голем град, но кога останала без децата и сопругот, одлучила да се врати во родното село. Сега живее во место оддалечено со километри од другите луѓе. Езерото во близина на нејзината куќа е замрзнато половина година.


Таа секојдневно поминува по 4 километри за да дојде до најблиската продавница, но вели дека не ѝ е тешко. На мраз поминува околу 40 минути во еден правец. Таа ја користи и водата од езерото бидејќи нема во домот.

- Понекогаш само се одморам и ги проверувам кравите. Кучето ми се вика Симба. Луѓето секогаш ме прашуваат кој е лекот за долговечност, а јас им одговарам - лизгањето - вели Либајов.

Извор: 24sedam
Фото: YouTube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот