X
 26.02.2020 Живот

Од 30 најзагадени градови во светот дури 21 се во Индија

Индија повторно се најде на врвот на годишната листа со градови со најлош квалитет на воздухот во светот, покажуваат податоците на новиот годишен извештај, додека кинеските градови продолжуваат да покажуваат знаци на подобрување во споредба со претходната година, пренесе Си-ен-ен.

Според податоците наведени во годишниот Извештај за светскиот квалитет на воздухот за 2019 година, во Индија се наоѓаат 21 од 30. града со најзагаден воздух, а шест од нив се меѓу првите десет.

Газиабад, град во близина на престолнината Њу Делхи, на северот од државата Утар Прадеш, лани беше рангиран како најзагаден град во светот, со просечна концентрација на ПМ 2,5 честички од 110,2. Тоа е далеку повеќе од нивото што американската Агенција за животна средина го смета за здраво, дури девет пати повеќе.

А лани во ноември во делови од Њу Делхи беше прогласена вонредна состојба откако индексот на квалитетот на воздухот (АКИ) надмина 800, што е повеќе од трипати над „опасното“ ниво.

Микроскопските честички, со пречник помал од 2,5 микрометри, се сметаат за особено штетни бидејќи се доволно мали длабоко да влезат во белите дробови и кардиоваскуларниот систем.

Според СЗО, загадувањето на воздухот предизвикува околу седум милиони предвремени смртни случаи годишно во светот, главно како резултат на зголемената смртност од кардиоваскуларни болести, карциноми и респираторни заболувања.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот