X
 26.07.2021 Спорт

Колку вреди златен медал освоен на Олимписките игри?

Да се освои златен медал на Олимпијадата е бесценето, освен доколку не сте од Сингапур. Тогаш вреди 1 милион долари.

На Олимписките игри се доделуваат по илјадници медали. Од почетокот на модерната Олимпијада биле доделени 18,8 милиони олимписки медали на спортисти низ целиот свет. Олимпискиот медал постојано се менува и доаѓа со цена за земјата која е домаќин на настанот и земјата на спортистите што се добитници.

Олимписките медали во Токио тежат од 450 до 556 грама и содржат рециклирани материјали од донирани електронски уреди. Овогодишните медали биле дизајнирани од Јуничи Каваниши, директор на јапонското здружение за дизајн на симболи и дизајнерската заедница во Осака.


Фото: Pixabay

За овие игри биле произведени околу 5.000 медали. Златните медали не се целосно направени од злато, туку најмногу содржат сребро. Последната Олимпијада на која златните медали биле целосно од злато била во 1912 во Стокхолм. Сега, Меѓународниот олимписки комитет бара златниот медал да содржи барем 6 грама злато и сребро со чистота од 92,5 отсто.

Исклучувајќи ја цената за изработката и дизајнот, вредноста на златниот олимписки медал во Токио е 810 долари, повеќе од оној во Пјонгчанг, кој вредел 606 долари и оној во Рио де Жанеиро, кој вредел 564 долари.

Сребрениот медал на овие игри вреди 462 долари, повеќе од вредноста од 313 долари на игрите во Пјонгчанг и 326 долари на игрите во Рио де Жанеиро, покажува табела од „Нешнал пост“.

Меѓутоа, некои олимписки медали се посебни. На Зимските игри во Сочи, 10 златни медалисти добиле медали во кои имало делови од метеорит кој паднал во Русија годината пред Игрите.


Фото: Pixabay

Во меѓувреме, некои спортисти ги продаваат медалите. Во 2019 г. белорускиот скијач Алексеј Гришин го продал својот медал освоен во Ванкувер за 55.000 долари за да собере средства за медицински трошоци на пријател.

Меѓународниот олимписки комитет не им доделува парични награди на добитниците на медали, но многу држави го прават тоа. Сингапур дава најголеми бонуси за медали од сите земји. Градот-држава доделува 1 милиони долари за златен медал, 500.000 долари за сребрен медал и 250.000 долари за бронзен медал.

Индонезија ги наградува златните медалисти со бонус од 746.000 долари, Казахстан доделува 250.000 долари, Азербејџан 248.000 долари, а Италија 166.000 долари за златен медал. САД доделуваат 37.500 долари за добивање златен медал на Олимписките игри.

Извор: National Post
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт