26.07.2026
Живот
„Не згрешив. Само најдов 10.000 начини кои не функционираат“
Не дозволувајте неуспехот да ве спречи во остварување на целта. Тој претставува само еден дел од патот кон успехот. Следните изреки можат да бидат мошне корисни за оние кои се наоѓаат во животна фаза во која сметаат дека нема излез.
„Градиме на неуспехот. Го користиме како помошен камен. Затворете ја вратата на минатото. Не се обидувајте да ги заборавите грешките, но не се депримирајте поради нив. Не дозволувајте тие да ви ја одземат енергијата или времето“ - Џони Кеш
„Знам дека доколку не успеев, немаше да жалам, но знаев дека сигурно ќе жалев доколку не се обидев“ - Џеф Безос
„Животот поминат правејќи грешки не е само поповреден, туку и покорисен од живот потрошен правејќи ништо“ - Џорџ Бернард Шо
„Колкумина се успешни во секој дел од својот живот? Никој. Најуспешните луѓе се оние кои учат од сопствените грешки и ги користат неуспесите како можности“ - Зиг Зиглар
„Не се ограничувајте. Многумина се ограничуваат мислејќи дека не се способни за нешто. Можете да го направите она што ќе го посакате. Она во што верувате, можете и да го постигнете“ - Мери Кеј Еш
„Не се грижете за неуспехот. Само еднаш е доволно да бидете во право“ - Дру Хјустон
„Губитниците се откажуваат кога не успеваат. Победниците не се откажуваат додека не успеат“ - Роберт Кијосаки
„Повеќето луѓе го постигнале својот најголем успех само еден чекор по најголемиот неуспех“ - Наполеон Хил
„Вашите најмалку задоволни корисници се вашиот најголем извор на учење“ - Бил Гејтс
„Како што гледам наназад, сфаќам дека секогаш кога сум мислел дека сум одбиен за нешто добро, всушност сум бил насочен кон нешто подобро“ - Стив Мараболи
„Бидете мерка за квалитет. Некои луѓе не се навикнати на средина во која се очекува извонредност“ - Стив Џобс
„Најголемиот ризик е да не се ризикува. Во свет кој брзо се менува, единствената стратегија која гарантира неуспех е да не се ризикува“ - Марк Закерберг
„Не згрешив. Само најдов 10.000 начини кои не функционираат“ - Томас Едисон
„Дваесет години од сега ќе бидете поразочарани од работите што не сте ги направиле отколку од оние што сте ги направиле“ - Марк Твен
„Успехот се состои од постигнување неуспех по неуспех без губење на ентузијазам“ - Винстон Черчил
„Доколку секогаш го правите она што секогаш сте го правеле, секогаш ќе го добивате она што секогаш сте го добивале“ - Марк Твен
„Успехот не е клучот до среќата. Среќата е клучот до успехот. Ако го сакате она што го работите, ќе бидете успешни.“ - Алберт Швајцер
„Секоја гребнатина е лекција. Секоја лекција нè прави подобри“ - Сирио Форел (Игра на троновите)
Фото: Magnific