Секој човек доживува момент кога ќе помисли дека нема среќа во животот. Губење на работата, крај на бракот, неуспех на испит, сето тоа може да направи да се чувствуваме беспомошно и несреќно. Во таквите моменти треба да се присетиме на ситниците што значат среќа и кои покажуваат дека во животот ни оди добро дури и кога мислиме дека не е така.
Овие десет знаци ќе ве убедат дека во животот ви оди добро и кога ви се чини дека не е така. И имајте ја на ум пораката на Винстон Черчил: „Успехот значи да одите од неуспех до неуспех, а да не го загубите ентузијазмот“.
1. Можете да учите од сопствените грешки
Учењето од сопствените грешки значи да се живее. Никој не рече дека животот е лесен и додека пречките на патот може да болат, патувањето дефинитивно се исплати. Сетете се на своите неуспеси и порази. Сега сигурно ви е јасно дека сето тоа се случило со причина како дел од некој поголем план.
Секоја тешкотија ве довела до местата на кои сте денес, секое искушение ве обликувало во силна и отпорна личност каква што сте денес. Одете понатаму низ животот знаејќи дека секое искуство ве направило личноста каква што треба да бидете.
2. Спиете во удобен кревет
Среќа е навечер да се легне во удобен кревет, зарем не е така? Многу луѓе во светот немаат кревети.
3. Се стремите да бидете подобри
Фактот дека се чувствувате малку потиштено кога нема да го постигнете она што сте сакале да го постигнете покажува дека се трудите. Тоа значи дека секогаш се обидувате да бидете подобри и додека го правите тоа, среќата, успехот и љубовта ќе доаѓаат, само немојте да се откажувате.
4. Имате/имавте работа
Немојте да очајувате ако сте останале без работа. Можеби ова е шансата што ја чекавте за да работите нешто што навистина го сакате. Продолжете да барате, продолжете да се надевате и запомнете дека со внимателна работа и верба во себе можете да го постигнете она што отпрвин ви се чини невозможно. Откријте која работа е најдобра за вашиот карактер.
5. Знаењето ви е достапно насекаде
Ако изворите на информации и знаење ви се на дофат, тоа значи дека ви оди добро во животот. Знаењето е моќ, па зграбете ја таа моќ и дозволете ѝ да ви биде помошник во остварувањето на вашите соништа. Искористете ги сите шанси за учење на кои ќе наидете.
6. Имате храна и чиста вода за пиење
Храната е еден од благословите што најмногу ги потценуваме, а кога не јадеме неколку часа, сфаќаме колку ни е важна. Дајте си време и уживајте во вашиот следен оброк, „доживејте“ го секој залак и потсетете се дека животната среќа лежи во уживањето во едноставните нешта, како на пример, парче чоколадна торта.
7. Имате можност за избор и слобода да го живеете својот живот како што сакате
Аристотел рекол: „Извонредноста никогаш не е случајна. Таа секогаш е резултат на цврста намера, искрен труд и интелигентна работа. Таа претставува одлука меѓу многуте алтернативи. Изборот, а не случајноста ја одредува нашата судбина“.
Затоа искористете го своето право на избор.
8. Сте почувствувале љубовни пеперутки во стомакот
Можеби звучи неверојатно, но некои луѓе никогаш во животот не се заљубуваат, можеби не добиваат ни можност за тоа. А би било фер секое човечко суштество барем еднаш во животот да биде заљубено, да го доживее тој природен и едноставен, а сепак страстен момент кој дава спомени за цел живот.
9. Имате сон
Каков и да е сонот што сте го имале, ваш е. Имате можност да го остварите. Не откажувајте се од сонувањето и од своите соништа. Од соништата настануваат најдобрите нешта во животот.
10. Знаете да простувате
Замислете колку би биле огорчени и несреќни кога не би знаеле да ги простувате туѓите, но и сопствените грешки. Би ви било речиси невозможно да живеете и да продолжите со животот кога ќе се појават некои проблеми. Затоа простувањето е едно од најважните
нешта.