Американскиот претседател Доналд Трамп предложил да се фрлаат нуклеарни бомби против ураганите пред да ги погодат Соединетите Американски Држави, пренесува американската интернет-страница „Аксиос“.
Според „Аксиос“, на состанокот за ураганите, претседателот Трамп прашал дали е можно да се фрли атомска бомба кон ураганот за да се спречи тој да се формира над водата. Страницата не соопштува кога се случила средбата.
Предлогот на Трамп не е нова работа. Првично тоа беше направено во 50-тите години од страна на научник кој работел за претседателот Двајт Ајзенхауер.
Белата куќа не го коментираше текстот на „Аксиос“.
Извор: МИА