X
 26.09.2018 Култура

Милан Младеновиќ ќе добие споменик во Белград

Со одлука на комисијата за споменици и имиња на плоштади и улици, Милан Младеновиќ, фронтменот на бендот ЕКВ, ќе добие спомен-обележје во Белград.

Споменикот ќе биде поставен пред Домот на младината, на платото што го носи неговото име.

- Бидејќи платото што се наоѓа пред Домот на младината го носи името Милан Младеновиќ, идејата е на тоа место да се постави и спомен-обележје на еден од најзначајните автори и изведувачи на домашната рок-музика - изјави Ненад Драговиќ, в.д. директор на ДОБ.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура