X
 26.09.2024 Здравје

Научниците пронашле 3.600 хемикалии од пакувањата на храна во човечки тела

Повеќе од 3.600 хемикалии што се користат во пакувањата на храната се откриени во човечките тела, од кои некои се опасни за здравјето, додека за други малку се знае, открива ново истражување.

- Околу 100 од овие хемикалии се сметаат за „голема грижа“ за човековото здравје - истакна Биргит Геуке од авторка на истражувањето.

Некои од овие хемикалии се релативно добро проучени и веќе се пронајдени во човечките тела, како што се ПФАС и бисфенол А - и двата се цел на забрани. Но, малку се знае за здравствените ефекти на другите, изјавила Геуке, повикувајќи на повеќе истражувања за тоа како хемикалиите што се користат во пакувањето завршуваат во телата на луѓето заедно со храната.

Истражувачите претходно каталогизирале околу 14.000 хемикалии кои се способни да преминат во храната од пакувања направени од пластика, хартија, стакло, метал или други материјали. Тие можат да потекнуваат и од други делови од процесот на правење храна, на пример, од подвижни ленти или кујнски прибор. Истражувачите потоа ги барале овие хемикалии во постојните бази на податоци за биомониторинг, кои ги следат хемикалиите во човечките примероци.

Тимот очекувал да најде неколку стотици такви хемикалии, според Геуке. Наместо тоа, тие биле изненадени кога пронашле 3.601 - четвртина од сите познати такви хемикалии. Геук нагласила дека оваа студија не може да покаже оти сите овие хемикалии нужно завршуваат од пакувањата во човечките тела.

Меѓу хемикалиите со „голема загриженост“ биле ПФАС, исто така, познати како хемикалии кои траат засекогаш, кои биле откриени во многу делови од човечкото тело во последниве години и се поврзани со низа здравствени проблеми. Откриен е и бисфенол А, хемикалија која се користи за производство на пластика, а веќе е забранета за употреба во шишињата за бебиња во многу земји.

Други хемикалии се и фталатите, кои се поврзуваат со неплодност. Помалку се знае за олигомерите, кои исто така се нуспроизводи од производството на пластика.

Ограничувањето на студијата е тоа што не можело да се каже дали има особено високи концентрации на некоја од хемикалиите, признала Геуке. Но, предупредила дека овие хемикалии можат да комуницираат едни со други, укажувајќи на еден примерок кој има до 30 различни ПФАС.

Геуке им препорачува на луѓето да го намалат времето на контакт со пакувањето - и да избегнуваат загревање на храната во пакувањето во кое доаѓа самата храна.

Европската Унија, пак, е во завршна фаза на забрана за употреба на ПФАС во пакувањата на храната. ЕУ, исто така, предлага слична забрана за бисфенол А од крајот на оваа година.

Извор: sciencealert.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје