Една група на истражувачи од универзитетот во Цирих три години ја креираа најголемата симулација на универзумот со 25 милијарди виртуелни галаксии. Оваа симулација може да послужи во истражувањето на темната материја.
Фото: Joachim Stadel, UZH
Нејзината примарна цел е да се истражува темната материја. Таа не емитира или рефлектира светлина и е невозможно да се види со телескоп. За неа се знае единствено заради гравитационите ефекти кои ги создава.
Истражувачите започнале со два билиони честички на темна материја и ги моделирале како се згрутчуваат со тек на време во дигиталниот универзум. Резултатот бил грутки на темна материја поврзани со жици на темна материја.
На сликата погоре, грутките се жолти, додека околните конци на темна материја се сиви. Тие грутки се веројатно местата каде што галаксиите се формирале пред милијарди години.
Оваа симулација ќе биде искористена од Евклид вселенското летало на Европската Вселенска Агенција кои се обидуваат да креираат мапа на темната материја на
универзумот. Ова е важно за да се знае што да се очекува кога вселенското летално ќе биде лансирано во 2020 година.