Од најправливите и највлажните места до оние со најстудени и највисоки температури, временски услови таму се толку екстремни што дури и најмала изложеност на нивните ефекти би предизвикала сериозни здравствени компликации.
Патниците, туристите, па дури и воените офицери што сакаат да ги истражуваат овие места треба да знаат во што се впуштаат и да бидат свесни за основните вештини за преживување во такви екстремни
временски услови.
8. Ојмјакон, Русија: Најстуденото населено место во светот
Просечната температура на фрижидерот е 4 степени и -18 степени за замрзнувач. Во меѓувреме, просечната температура во Ојмјакон, Русија, во зима обично е -50 степени. Во ретки денови како во 1931 година, температурите може да паднат до -55 степени, и во такви случаи се затвораат училиштата.
Ојмјакон е место кое од 300 до 900 луѓе имале (или немале) среќа да го наречат ова место дом. Овие луѓе треба да натрупаат слоеви облека, да облечат дебели капи и ракавици и да носат дебели кожни чизми за да им биде топло и на отворено.
7. Долината на Смртта, Калифорнија, САД: Најжешкото населено место во светот
Постојат многу жешки региони во светот, но ниту еден не е екстремен како Долината на Смртта, каде што кога сте на отворено, се чувствувате како да сте во печка.
Највисоката температура некогаш забележана на земјата е 56,7 степени, а била измерена во Долината на Смртта во 1913 година. Поради екстремноста на овој рекорд, многу експерти сметаат дека е неточен. Но, на 9 јули 2021 година во Долината на Смртта повторно беа измерени 54,40 степени, речиси исто колку и претходниот рекорд.
Во просек, температурата забележана во текот на денот во Долината на Смртта е обично 38 степени во лето и 18,40 степени во зима.
Над 300 луѓе живеат во оваа долина.
6. Мавсинрам, Индија: Највлажното населено место во светот
Количината на врнежи на едно место често се мери со вкупните милиметри (мм) во дадена година.
Во САД, просечното количество на врнежи (течни или цврсти водени честички), добиено годишно е 769,112 милиметри според Националниот климатски извештај и 508 милиметри во Канада според „Ведр-атлас“. Овие просеци не се никаде во близина на просечните годишни врнежи на дожд на Мавсинрам: 11,872 мм.
На 19 август 2015 година градот имал 745,2 мм врнежи од дожд, што е повеќе од вкупните годишни врнежи во Канада.
5. Велингтон, Нов Зеланд: Најветровитиот град во светот
Екстремно ветровито време можеби е непријатно, но создава одлична атмосфера за сурфање. Во Велингтон, Нов Зеланд, ветерот го има во текот на целата година. Просечната брзина на ветерот во овој град е помеѓу 20 и 25,7 километри на час, а највисоката регистрирана брзина на ветерот е 241 километар на час.
Секако, постојат и други делови во светот кои бележат поветровито време отколку во Нов Зеланд, но тие места се претежно ненаселени или населени само со научници/истражувачи.
4. Аомори Сити, Јапонија: Најснежното место во светот
Патиштата во овој град се секогаш покриени со снег. Градот Аомори доживува просечни годишни снежни врнежи од 7,9 метри, што е повеќе од просечните годишни снежни врнежи во Квебек, Канада (уште еден од најснежните градови во светот). Во текот на зимата длабочината на снегот може да достигне до 4 метри, доволно длабок за целосно да покрие двајца луѓе што стојат еден врз друг.
3. Депресијата Бодел: Најпрашливото место во светот
Сместено во северните делови на Чад и источните делови на пустината Сахара, ова место и понатаму ја држи позицијата за најпрашливо место во светот. Местото има толку прашина, што самиот воздух што го дишете е отровен. Дури и локалните пустински луѓе го избегнуваат ова место. Секоја година се случуваат до 100 бури во депресијата Бодел, пренесувајќи честички од прашина во соседните делови на светот, како што е Западна Африка.
2. Хаваи, САД: Место со најактивниот вулкан во светот
Вулканите се многу важни природни елементи кои создаваат земјени површини, топли извори, интересни пешачки патеки и плодни земјишта. Од друга страна, вулканите се едни од најопасните природни елементи во светот, кои честопати претставуваат голема закана за оние што живеат во нивната околина.
Хаваи е место исполнето со многу активни вулкани, како што се - вулканите Мауна Лоа и Килауеа. Вулканот Килауеа моментално е најактивниот вулкан во светот. Во 2018 година вулканот еруптира, исфрлајќи отровни гасови во воздухот, тресејќи ја земјата со вибрации и испуштајќи врела лава од над 10.930 Целзиусови степени. Според цивилната одбрана на округот Хаваи, беа евакуирани над 2.000 луѓе, додека 700 куќи беа уништени.
1. Гранд Бенкс, Њуфаундленд, Канада: Најмагливото место на земјата
Маглата можеби не е толку страшна за луѓето, но предизвикува пречки во одвивањето на секојдневието. Атмосферата на Гранд Бенкс обично е замаглена повеќе од 200 дена, зафаќајќи го најголемиот дел од годината. Овде маглата станува толку густа, што е тешко човек да гледа. И покрај магливата природа на овој северноамерикански град, тој сè уште се смета за едно од најбогатите места во светот за риболов.
Извор:
The Travel
Фото:
Instagram