Научниците со години истражуваат зошто некои песни кај луѓето предизвикуваат морници, што обично се опишува како пријатно чувство на треперење.
Едно тврдење е дека додека слушаме музика, нашиот ум „трча напред“ за да замисли што доаѓа, а добиваме морници кога нашите предвидувања не се точни. Можеби динамиката се менува неочекувано или некој изненадувачки инструмент се појавува во сета таа мешавина.
Друга можност луѓето да добијат морници е поврзана со аудитивниот и системот на наградување на мозокот. Сепак, некои научници посочуваат дека луѓето што се поемпатични се посклони да доживеат морници поради „емоционална зараза“.
Неодамнешното истражување предводено од Реми де Флеријан, кандидат за докторанд во лабораторијата за музичко спознание на Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, поддржува уште едно често откритие: песните што предизвикуваат
морници обично се тажни.
Она што беше можеби поинтересно во истражувањето на Реми де Флеријан, сепак, е начинот на кој го спровел.
- Многу од претходните работи беа или целосно теоретски или засновани на студии спроведени на мала група учесници - објаснува Реми.
Морниците доаѓаат од „софистицирана“ музика
Де Флеријан и Маркус Пирс, виш предавач по музичка перцепција на истиот универзитет, ги прочешлале објавените студии и составиле листа со над 700 песни за кои е утврдено дека предизвикуваат морници. Потоа, користејќи ги податоците од „Спотифај“, тие ја поврзале секоја песна со друго парче музика од истиот изведувач што е приближно еднаква по должина и популарност. Следно, почнале да ги споредуваат двете музички дела, анализирајќи неколку карактеристики, вклучувајќи го и расположението на секоја песна.
На крајот се појавиле одредени податоци за музиката што предизвикува морнииц. Во просек, станувало збор за потажни, побавни и поинструментални песни. Всушност, песните што предизвикуваат морници се софистицирани песни. Овде софистицираноста значи релаксирачки, тивок, нетанцувачки, бавен, неелектричен и инструментален, како што објаснуваат истражувачите во трудот.
Реми и Пирс изработиле епска листа со песни што предизвикува морници. Во листата се вклучени песни како „Purple rain“ на Принс, „Back to black“ од Ејми Вајнхаус и неколку верзии на „Алелуја“ на Леонард Коен.
Фото: Freepik