X
 26.10.2022 Живот

Авторите и книгите мора да излезат од книжарниците и да ги бараат децата

Нормално е новата литература за деца да ги одразува духот и вредностите на новото време – да има повеќе девојчиња како главни јунаци во приказните, да се зборува за различностите, за отуѓеноста на современиот човек, за современите пандемии, за еколошките катастрофи, за бегалските кризи… Литературата за деца треба да разбуди емоции, да ги натера на размислување и да ги поттикне да бидат подобри и похумани луѓе, смета Елизабета Баковска, писателка и книжевна теоретичарка

Во литературата за деца веќе подолго време е пролет. Постојано се оживуваат нови ликови, се објавуваат нови сказни, сликовници, дела, се обелоденуваат нови автори, илустратори, издавачки куќи… Во секој сегмент се осовременува детската книжевност. Добива еден модерен израз, поемпатичен, подостапен за детскиот светоглед, приспособен на новите времиња. Се раѓа нова генерација на сликовници и од домашни автори и од странски. Се зголемува продукцијата, креативноста е во цут, а напредокот е повеќе од видлив.

Биби и Боби за сегашните деца се она што за нас беше Зоки-Поки

Елизабета Баковска, писателка за деца и возрасни и книжевна теоретичарка, смета дека во однос на литературата за деца, последниве години е видливо зголемувањето на бројот на книги за деца преведени на македонски јазик, а особено и на оние напишани од македонски автори. Дури има и една галопирачка продукција на книги за деца – во секоја подобро снабдена книжарница денес може да најдете еден куп нови наслови.

Остатокот од текстот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот