X
 20.12.2016 Живот

Како да се развива креативноста кај децата?

Тоа што пред неколку децении им беше лесно на родителите сега е вистински предизвик на сегашните генерации. Тоа не значи дека нашите родители знаеле повеќе за развојот на децата, туку едноставно имале помалку опции. Досадата и слободното време се неизбежен дел од секојдневниот живот. Денес, досадата и слободното време се синоним за „Јас сум лош родител и не правам доволно за моето дете да напредува.“


Мајка на три деца вели дека очите и се отвориле додека ја гледала својата 11-годишна ќерка на  одбојкарски турнир :

„Имам три деца и присуствував на многу такви случувања. Ја знам процедурата или бар мислам дека ја знам. Вака би требало да изгледа : семејствата се сместуваат удобно покрај теренот, подготвени да ги бодрат натпреварувачите. Постепено, децата, браќата и сестрите започнуваат меѓусебно да се закачаат со децата од другите семејства. Набрзо тоа прераснува во играње криенка. Во клучните моменти, новооткриените пријатели своето колективно внимание го насочуваат на теренот за да ги бодрат своите тимови. Тоа сепак, не се случуваше. Иако имаше најмалку 15 деца на трибините, не слушнав ниедно од нив. Сите седеа и гледаа во своите таблети. Дури и кога нивниот тим водеше, ниедно дете не го гледаше натпреварот ниту пак разговараа меѓусебно. Децата имаат повеќе активности и пасивна забава на дофат отколку кога и да било порано, но помалку слободно време за да сонуваат, замислуваат и да се фокусираат на она што навистина го сакаат.
Сфаќам дека одвојувањето време за досадување е тешко во свет во кој сме постојано загрижени дали нашите деца ќе пропаднат ако не се истакнат во спорт или натпреварувања, но одбивам да седам и да го гледам овој губиток на детството. Мораме да го вратиме детството. На имагинацијата и е потребно време и простор за да процвета.

Ако вашите деца се како моите, кога ќе барате од нив да ја користат својата имагинација во почетокот ќе биде тешко. Тоа е затоа што не ги развиле вештините и меморијата за тоа. За имагинацијата, како и за спортот е потребна пракса, обука, мотивационен говор, награди и екстремно трпение.

Како да ја тренирате имагинацијата?

Прво, секоја сезона треба да се прегледаат распоредите за да се види како го трошиме времето. На децата им треба време за да ги развијат способностите за креативно размислување кое ќе им дозволи да ги откријат своите соништа. Зар не би требало да вложуваме во тоа?

Второ, јас ги заокружувам деновите кога немам ништо зацртано на календарот и тие моменти ги чувам. Многумина од нас во корпоративниот свет знаат дека понекогаш мораш да обезбедиш време во својот распоред и му даваш на мозокот простор да се фокусира и да создава. Истото важи и за нашите деца.

Трето, како „тренер на имагинацијата“ мојата улога е да обезбедам инспирација. За поголемиот дел од нашите деца, почнувањето од нула е застрашувачко. Големата количина на слободно време може да ги фрустрира, што е спротивно од креативната отвореност која ја бараме. Една од моите техники е да обезбедам рамка за креативни активности, на пример натпреварување. Моето семејство често се натпреварува во готвење. Можете да играте пинг понг со вашето дете или пак пејте на семејната вечера. Понекогаш само барам од децата да нацртаат нешто, да возат велосипед. Во мојот идеален свет, родителите би требало да ја поттикнат имагинацијата на своите деца на истиот начин на кој ги форсираат спортот и науката. Технологијата не е непријател, но би сакала да одам на одбојкарски турнир и да ги видам братчињата и сестричките како формираат пријателства, играат и се смеат.“
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот