X
 04.07.2018 Живот

Андриќ во само 11 реченици ја спакува целата вистина за животот

Иако е познат по многу романи, Иво Андриќ бил одличен и кога станува збор за кратките раскази.

- Многу самуваш и долго молчиш, сине мој, маѓепсан си со соништата, изморен од патеките на духот. Ликот наведнат и лицето бледо, спуштени веѓите и глас како врата што чкрипи. Излези на летниот ден, сине мој!

- Што виде во летниот ден, сине мој?

- Видов земја силна и небо вечно, а човек слаб и краткотраен.

- Што виде во летниот ден, сине мој?

- Видов дека љубовта е кратка, а гладот вечен.

- Што виде сине мој, во летниот ден?

- Видов дека овој живот е мачна работа што се состои во неправилна смена на гревот и несреќата, да се живее, значи да се лаже.

- Сакаш да спиеш, сине мој?

- Не татко, одам да живеам!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот