X
 26.11.2019 Образование

Македонскиот јазик 35 години се учи во основно школо во Мелбурн

Во основното училиште „Лајлор Норт“ во населбата Лајлор во Мелбурн веќе 35 години се изучува македонскиот литературен јазик и тоа во редовна настава. Станува збор за државно училиште со долга образовна традиција и висок углед со своите двојазични програми. Тоа е едно од 12. училишта во државата Викторија што нудат двојазична програма на различни јазици и е единствено што има англиско-македонска двојазична програма.
Рекорден број - 108 ученици се вклучени во програмата годинава. Целото училиште има 327 ученици, што значи дека една третина сме Македонци, објаснува Мирјана Андовска, координатор на англиско-македонската програма во училиштето „Лајлор Норт“ во Мелбурн.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование