Пожарите во Австралија сега се толку големи, што создаваат свое време, во форма на гигантски грмотевици што почнуваат повеќе пожари, тврди Бирото за метеорологија во Викторија.
- Облаците се развија со височина од 16 километри во Источен Гипсланд. Овие бури може да шират пожари преку молња и може да генерираат силни одливи на ветер - објави Бирото во понеделникот.
Сателитската фотографија покажува како интензивниот чад генерира атмосферски облаци:
Интензивните пожари создаваат чад. Но, нивната топлина исто така може да создаде ветер доволно моќен да направи промени во атмосферата погоре.
Како што се зголемуваат топлината и чадот, облакот од чад може да се олади, генерирајќи голем, подуен облак, полн со потенцијален дожд. Облакот од чад исто така може да се распрсне и да испушти врела пепел во пошироката област.
Фото: Buerau of Meteorology
На крај, капките вода од облакот се кондензираат, создавајќи пороен дожд. Но, може да генерира молња и тоа може да започне нови пожари.
Ако е доволно моќна, бурата може да предизвика торнадо од
пожар што се случи за време на пожарите во Канбера во 2003 година.